На Лазарова сабота во Дебар нема веќе „лазарки“

217

Првпат домовите на православните семејства денеска не ги посетија „лазарките“, што беше вековна традиција во Дебар.

– За жал, поради сѐ помалиот број православни Македонци, полека се губат вековнте традиции. Така е за овој празник, попусто чекавме да не посетат „лазарките“. Разбравме дека нема да има. Девојчињата што лани и изминатите години нѐ посетија  веќе се пораснати, вели Јованка Гиговска.

Според традицијата, група девојчиња, од кои едно е „невеста“, ги посетуваше православните домови пеејќи песна, со која се посакуваат свадби и благосостојба во семејствата.

„Лазорките“, како што по дебaрски се нарекуваат, текстот го прилагодуваа зависно дали во семјство има мома или момче за мажење/женење.

За разлка од порано кога имало повеќе „лазарки“, пет-шет па и повеќе девојчиња, изминатите пет-шест години имаше само една група со три девојчиња.

Откако ќе ја испееа песната, домаќинките ги даруваа со свежи, неварени јајца, благо и пари.

„Лазарките“ заедно со познатото едноделно велигденско оро, како и „суројчарите“ (по повод Стара Нова година-Василица) беа најубави традиции по кои беше препознатлив Дебар. За „суројчарите“ годинава имаше само една група.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...