Близнакот Андреа роден два месеци по својот брат Алесандро

317

Две машки бебиња, близнаци родени се со два месеци разлика. Алесандро е роден на 24 декември, а братот Андреа на 22 февруари, што е исклучително ретка појава.

Четириесетгодишната мајка морала итно да биде хоспитализирана во декември 2018 и тогаш се родил Алесандро, роден во 24. недела од бременоста со само 800 грама. Благодарејќи на медицинскиот тим, постелката останала цела, па братот близнак продолжил да се развива во утробата на мајка си.

Од медицинска гледна точка тоа било исклучително сложена бременост со среќен крај, кога со 33 недели е роден Андреа со килажа од три килограми, пренесува Хина.

– Целото семејство се чувствува добро и ќе ја напуштат болницата за неколку дена, соопшти управата на болницата во место близу Милано.

Близнаците нема да имаат ист датум на раѓање во документите, што им задало главоболка на административните служби кога ги пишувале изводите од матичните книги на родените, раскажа таткото.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...