На ул.„Кемал Сејфула“ во Скопје Вчера во 17:35 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Југо“, управувано од А.М.(37) од Скопје и патничко возило „Пежо 307“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.(32) од Скопје. По незгодата М.А. и сопатниците од нејзиното возило „Пежо 307“, И.Н.(32) и две деца на возраст од 10 и осум години, сите од Скопје.
Со возило на Итна медицинска помош тие биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им биле констатирани телесни повреди и им била укажана лекарска помош.
Додека, кај А.М. се констатирани тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската болница „Св.Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.