Времето во Македонија ќе биде умерено облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи од нула до седум, а дневната од 10 до 21 степен.
Во Скопје, слично време, умерено облачно, со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 18 степени, прогнозираат од УХМР.
До понеделник ќе преовладува стабилно и потопло време со умерена облачност. Нови локални врнежи од дожд ќе има од понеделник кон крајот на денот.