Пссст, почнува изборниот молк, денеска гласаат лицата во затворите, болните и раселените

Денеска своето право на глас ќе можат да го остварат 1.640 лица во казнено-поправните домови и лица кои се во притвор, седум внатрешно раселени лица, како и 3.583 немоќни и болни. Во посебниот извод од избирачкиот список за лица кои поднеле пријава во ДКП-ата во странство запишани се 1.781 гласач.

141
ФОТО: EPA / KCNA

Вечерва на полноќ почна изборниот молк и заврши деветнаесетдневната кампања пред неделните претседателски избори и предвремените локални во општините Охрид, Дебар и во Ново Село.

Денеска, сабота, ден пред изборите, своето право на глас ќе можат да го остварат 1.640 лица во казнено-поправните домови и лица кои се во притвор, седум внатрешно раселени лица, како и 3.583 немоќни и болни кои го побарале тоа од општинските изборни комисии.

Внатрешно раселените лица гласаат во прифатилиштата каде што се сместени, болните и немоќните лица во нивните домови, а избирачите кои на денот на гласањето се наоѓаат на издржување куќен притвор гласаат во местото каде ја издржуваат мерката.

На денот на изборите гласањето денеска и утре почнува во седум и ќе трае до 19 часот.

Претседателските избори ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и Градот Скопје и на 32 во странство. Право на глас имаат 1.808.131 граѓани.

Во изводите од избирачкиот список се запишани 1.726.795 гласачи, 77.579 избирачи се на привремена работа или престој во странство, 1.640 се на издржување казна затвор или се во притвор, а седум гласачи се запишани како внатрешно раселени лица. Во посебниот извод од избирачкиот список за лица кои поднеле пријава во ДКП-ата во странство запишани се 1.781 гласач.

Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 5. мај.

Ова се шести претседателски избори во земјава од осамостојувањето во 1991 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...