Во синоќешните немири во Лондондери загина 29 годинашната новинарка Лира Мекки соопшти полицијата во Северна Ирска и додаде дека е отворена истрага. Според последното соопштение за убиството е осомничена дисидентската група наречена „Нова ИРА“ како одговорна за фаталните немири во Лондондери.
Мекки била погодена од куршум за време на немирите. Таа известувала за немирите во кои демонстранти фрлале со молотови коктели, цигли и шишиња кон полицијата. Во последниот твит на Мекки на социјалната мрежа Твитер, судирот меѓу полицијата и демонстрантите го опишала како „тотално лудило“. Полицијата соопшти дека за време на немирите еден од демонстрантите испукал и неколку куршуми кон полицијата, по што се сомневаат дека новинарката „била фатена во вкрстен оган“.