Заев: Со гордост и со пенкало, на гласачките места направете избор и донесете одлука

И нека не оди во празно вашиот глас. Да испратиме уште еднаш јасна порака, дека сме цврсто определени за прогресивните концепти: едно општество за сите, членство во НАТО и ЕУ, економски развој, затоа што тоа е единствената успешна опција за успех за сите граѓани и за нашата држава, напиша премиерот.

246

Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил повика на масовна излезност и на демократски и успешни претседателски избори.

– Исходот на овие избори во огромна мера ќе влијае дали и со колкаво темпо ќе продолжиме да се движиме напред. За да имаме европски животен стандард, европски плати, европско образование, за да ја потврдиме стабилноста на државата, за да живееме спокојно, еден е патот – тоа е Напред, напиша Заев на Фејсбук.

Тој ги повикува Македонците, Албанците, Турците, Србите, Бошњаците, Ромите, Власите, од сите социјални групи, политички определени, неопределени, поединци, групи, да не ја пропуштат оваа граѓанска должност.

– Со гордост и со пенкало, на гласачките места, на изборите, направете избор и донесете одлука. И нека не оди во празно вашиот глас. Да испратиме уште еднаш јасна порака, дека сме цврсто определени за прогресивните концепти: едно општество за сите, членство во НАТО и ЕУ, економски развој, затоа што тоа е единствената успешна опција за успех за сите граѓани и за нашата држава, напиша премиерот.

Според него, се другo би значело нови застои, неизвесност и ризици за иднината и оти одговорноста на овие избори е на сите нас и тоа бара акција и одлучност.

– За европска Република Северна Македонија, да избереме европски претседател. Заедно да го избереме Стево Пендаровски кој води Напред!, додаде премиерот Заев на својот Фејсбук профил.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...