Пендаровски од Вевчани: Гласајте за сигурна иднина на младите, за економските перспективи, подобар стандард

112

Стево Пендаровски, заедничкиот кандидат за претседател, на средба со жителите на Вевчани повика на масовна излезност на престојните претседателки избори.

Гласот за број 3 и концептот за напредок кој го предводам е глас за сигурна иднина на младите, за економските перспективи, подобрување на стандардот, повеќе пари и нови работни места, рече Пендаровски.

– Тргнаа работите. Добивме покана за НАТО и ако продолжиме со реформскиот процес ќе добиеме датум за почеток на преговори во јуни. За две години постигнат е голем успех бидејќи има политичари кои водат сметка за народот. Затоа е важно напредокот да продолжи, додаде Пендаровски.

Слоганот на неговата кампања е  Заедно Напред, овие два збора, рече Пендаровски, значат живот и напредок во демократски и европски дом.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...