По најавата за врнежи, се испушта вода од Охридско Езеро во Црн Дрим

Испустот на вода следи откако вчера на седница Регионалниот штаб за управување со кризи-Охрид, во врска со најавениот засилен ветар и врнежи во охридската котлина, донесе заклучоци за преземање на соодветни мерки за превенција.

313

Во тек е максимален испуст на вода од Охридското езеро во реката Црн Дрим, а извршено е и пренасочување на река Сатеска директно кон река Црн Дрим, информираа од Центарот за управување со кризи на Република Македонија.

Испустот на вода следи откако вчера на седница Регионалниот штаб за управување со кризи-Охрид, во врска со најавениот засилен ветар и врнежи во охридската котлина, донесе заклучоци за преземање на соодветни мерки за превенција.

За состојбата известени се угостителските објекти кои се лоцирани близу крајбрежјето на Охрид и Струга.

Ќе се врши засилена контрола на патниот правец Струга-Дебар во село Луково поради зголемениот истек на вода од испустот на браната Глобочица. Состојбата внимателно се следи од страна на сите субјекти на ЦУК, кои ќе преземаат соодветни мерки за санирање на евентуални настанати ризици и опасности.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...