НСДП ги повикува сите граѓаните, независно од нивната политичка, етничка, верска, јазична или културна припадност, на 21 април, во недела, да излезат на гласање и да го поддржат Стево Пендаровски, зато што се уверени дека на тој начин ќе се избере претседател кој обединува и води напред.
„Kaко политичка партија која е посветена на евро-атланските интеграции, демократијата, владеењето на правото, економскиот просперитет и социјалната благосостојба, цврсто стоиме на ставот дека со гласот за Стево Пендаровски ќесе домонстрира политичка созреаност и одговорност за идината на Република Северна Македонија, за перспективите на идните генерации. Со претседател кој ќе биде за сите граѓани заедно да продолжиме да чекориме кон брз напредок и сигурна иднина“, се вели во соопштението на НСДП.
Во овие моменти, вели НСДП, „многу е важно напрeдокот да продолжи, да не се дозволи државата повторно да падне во сенка на политичките кризи, поделбите, омразата, да се вратиме чекор наназад и рецидивите на претходниот режим да ја препознаат својата шанса повторно да влезат на политичката сцена.“
„Како држава која политички созрева во духот на демократија не смее да дозволиме со овие претседателски избори да се загори иднината која е отворена пред нас. Република Северна Македонија на овие избори треба да добие претседател кој ќе обединува, кој ќе ги штити интересите на граѓаните, кој ќе биде нивен партер и искрен поддржувач на евро-атланските интеграции, посветен борец за европските вредности и стандарди“, порачува НСДП.