Преграден ѕид усмрти двегодишно дете во Прилепско

Двегодишно дете од прилепското село Десово вчера почина откако врз него од засега непознати причини паднал преграден ѕид во помошен објект во изградба во дворот од семејната куќа.

565

Двегодишно дете од прилепското село Десово вчера почина откако врз него од засега непознати причини паднал преграден ѕид во помошен објект во изградба во дворот од семејната куќа.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера околу 09.30 часот во село Десово–Прилеп, во дворот од семејната куќа на А.Ф., двегодишното дете Х.Ф. влегло во помошен објект во изградба, при што од засега непознати причини врз него паднал преградниот ѕид. Таткото А.Ф. и неговите браќа Е.Ф и Ш.Ф. го извадиле детето од урнатините и со сопствено возило тргнале кон Прилеп, за да му се укаже медицинска помош.

Попатно, на влезот во градот пресретнале возило на Итна медицинска помош, побарале интервенција, но екипата на Итна медицинска помош констатирала смрт кај детето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...