Бран самоубиства меѓу француските полицајци

263

Синдикатот на француските полицајци побара итен состанок со министерот за внатрешни работи на Франција, Кристоф Кастанер, откако вчера двајца припадници на полицијата извршија самоубиство.

Со двата последни случаи, бројот на самоубиствата на полицајци од почетокот на годината се искачи на 28. Според податоците на француското Министерство за внатрешни работи, лани самоубиства извршиле 68 полицајци.

Во знак на сеќавање на овие полицајци, полицискиот синдикат ги повика своите членови денеска да одржат „тивок протест“ во локалните полициски станици.

Според „Монд“, вчера со сопствениот пиштол во станица во Монпеље се самоубил 48-годишен полициски капетан, а неколку часа пред тоа во неговиот дом во Париз било пронајдено безживотното тело на 25-годишен полицаец, за кој истрагата утврдила дека извршил самоубиство.

Синдикатот смета дека планот за спречување на самоубиствата, што беше изработен минатата година, треба да стане „национална цел и приоритет на Министерството за внатрешни работи“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...