По пожарот во Нотр Дам, Макрон стана попопуларен

298
Фото: ЕПА / ETIENNE LAURENT/POOL

По пожарот во катедралата Нотр Дам, популарноста на францускиот претседател Емануел Макрон се зголемила за 3 отсто, според резултати од анкета спроведена од агенцијата BVA.

Сега рејтингот на Макрон достигнал 32 отсто, па сега се враќа на нивото од септември, пред кризата која ја зафати Франција со протестите на „Жолтите елеци“.

Дури 62 отсто од Французите позитивно го оцениле говорот на претседателот и неговите дејствувања по пожарот во Нотр Дам.

Фото: ЕПА / ETIENNE LAURENT/POOL

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...