Следниот руски Автоматизиран меѓуланетарен систем (АМС) прво ќе се тестира на астероидот Апофис, пред да се испланира мисијата на сателиот на Марс, Фобос, соопшти руската Асоцијација за истражување и производство „Лавожкин“.
Научниците нагласуваат дека целта на подготвителната мисија под кодно име Бумеранг, е тестирање на основните контроли на летање, како и научни податоци за помалиот вселенски објект.
– Демонстративниот лет на АМС може да биде изведен по шемата на посета на мали небесни тела во Вселената (астероидите). Ова ќе овозможи проверка на основните функции на леталото во контролирани услови – се вели во написот објавен во стручното списание на „Лавожкин“.
Предвидено е и испраќање мал сателит над астероидот Апофис, што би кружел околу него десет години.
Претходната мисија на Фобос, со АМС летало лансирано на 9 ноември 2011 година, беше неуспешна, поради дефект на моторот.
Постои можност следниот АМС да биде лансиран во 2024 година.