Американецот Андре Агаси повеќе не е тренер на најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ.
Агаси во изминатиот период беше дел од стручниот штаб на Ѓоковиќ, а како повремен тренер присуствуваше воглавно на големите турнири.
– Имав најдобри намери, сакав да му помогнам на Новак. Сепак, често заклучувавме дека не се согласуваме околу некои работи. Му посакувам сѐ најдобро во кариерата – истакна американскиот експерт.
Тој во неколку наврати нагласи дека соработува со српскиот тенисер без финансиски надоместок.
Ѓоковиќ сега ќе продолжи да работи само со неговиот постојан тренер Радек Штепанек.
Агаси почна да работи со Ѓоковиќ пред стартот на минатогодишниот Ролан Гарос, но во меѓувреме поради повредата на лактот, српскиот тенисер имаше пад во кариерата и го пропушти поголемиот дел од сезоната.