Миле Јанакиески на распит кај Русковска за „27 април“

262

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, за денеска е повикан  на распит во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за истрагата за организаторите и нарачателите на настаните од 27 април 2017 година.

Тој првично за овој случај доби притвор во затворот во Шутка, а потоа таа мерка му беше заменета со домашен притвор.

Пред три дена, на распит беше и експретседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.

Покрај нив двајцата, во оваа истрага обвинителството ги сомничи и поранешниот  министер за труд и социјална политика Спиро Ристовски, некогашниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, како и ексразузнавачот Никола Бошковски кој е во бегство во Грција.

Шефицата на ова обвинителство, Вилма Русковска, вчера изјави дека до прајот на мај ќе поднесе обвинение за случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...