Брат и сестра во постари години се пронајдени мртви кај село Водица во Босна и Херцеговина, пренесуваат тамошните медиуми.
Станува збор за Милка и Недељко Илиќ, кои живееле сами во шумска куќа оддалечена од останатите луѓе на ова место.
Жената е пронајдена во куќата, а нејзиниот брат пред градбата.
– Наводно таа е пронајдена како лежи на каучот, а тој пред куќата. Се зборува оти неговото тело е обезглавено и му недостасуваат делови. Најверојатно ги изеле животните, нивната куќа е навистина зафрлена во шумата – рекол извор.
За братот и сестрата се зборува оти воделе прилично неуреден живот, а неретко биле видени и како одат или стопираат и во соседните општини.