Парижаните со почит за пожарникарите кои го спасуваа Нотр Дам

Меѓу одликуваните пожарникари е и командантот на противпожарната бригада Марк Фурније, кој вели дека лажно му е припишано помагање во спасувањето на круната, за која се верува дека ја носел Исус на распетието. Тој истакна дека неговиот тим го пробил заштитното стакло на реликвијата, но дека лицето кое го имало безбедносниот код за заштита всушност помогнал за да се спаси реликвијата.

190
ФОТО: EPA / IAN LANGSDON

Жителите на Париз денеска изразуваа благодарност за париските пожарникари кои го спречија уривањето на катедралата Нотр Дам и спасија многу бесцености за време на пожарот, кој изби во понеделникот.

Стотици париски пожарникари, припадници на француската војска, присуствуваа на церемонијата одржана во двор на претседателската палата, каде претседателот Емануел Макрон и официјално изрази благодарност. На церемонијата присуствуваа и министрите од француската Влада.

Подоцна, Градскиот совет на Париз, со виолински концерт и цитати од книгата на Виктор Иго „Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз“, исто така одржа церемонија во чест на пожарникарите.

Меѓу одликуваните пожарникари е и командантот на противпожарната бригада Марк Фурније, кој вели дека лажно му е припишано помагање во спасувањето на круната, за која се верува дека ја носел Исус на распетието. Тој истакна дека неговиот тим го пробил заштитното стакло на реликвијата, но дека лицето кое го имало безбедносниот код за заштита всушност помогнал за да се спаси реликвијата.

Одликувана е и Мирјам Хуџински, која се качи меѓу првите на покривот на Нотр Дам во моментоте кога дивееше огнот.

– Знаевме дека покривот гори, но немавме претстава со кој интензитет. Дури од врвот на скалите сфативме колку е драматично, појасни таа.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...