Пред Нотр Дам би можела да биде изградена привремена катедрала

145
FOTO MIA

Привремена дрвена катедрала би можела да биде поставена пред црквата Нотр Дам во Париз сѐ додека трае обновата на опожарениот објект, соопшти денеска ректорот на катедрала Патрик Шуве.

– Градоначалничката на Париз Ан Идалго се согласи дека градските власти би можеле да изнајмат дел од плоштадот пред катедралата за привремена зграда, изјави Шуве.

Францускиот претседател Емануел Макрон изрази надеж дека обновата на Нотр Дам ќе биде готова за пет години, но дел од експертската јавност цени дека тоа е многу амбициозно.

Францускиот министер за култура Франк Риестер потврди дека е предложена можност за привремена зграда, но дека одлуката сè уште не е донесена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...