Првите два фаворита на Мастерсот во Монте Карло, Монако, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, ќе играат во четвртфиналето. Тие во денешните мечеви од осминафиналето со сигурна игра ги совладаа своите ривали.
Ѓоковиќ (Србија) во два сета беше поуспешен од Фриц (САД) – 6:3 и 6:0. Негов следен противник е Данил Медведев.
Надал (Шпанија) го совлада Григор Димитров (Бугарија) со 6:4 и 6:1. Ривал на Шпанецот во четвртфиналето ќе му биде Гвидо Пела од Аргентина.
Пласман меѓу осумте најдобри обезбедија и Душан Лајовиќ кој ќе игра со Лоренцо Сонего, додека Фабио Фоњини за противник го има Борна Чориќ.