Во Делчево 14.673  лица со право на глас на Претседателските избори в недела

99
ФОТО: EPA / KCNA
Денес попладне во просториите на Општинската изборна комисија во Делчево пристигна доверливиот изборен материјал при што стручни служби на ДИК изготвија записник и материјалот го предадоа во рацете на членовите на ОИК Делчево. Со ова, како што информираше претседателот на Општинската изборна комисија Владимир Петровски се исполнети сите услови за беспрекорен изборен процес.
– Во Делчево во недела на Претседателските избори 2019 право на глас имаат вкупно 14.673 лица кои ќе можат да гласаат на вкупно 36 избирачки места. Ден претходно во домашни услови ќе гласаат вкупно 192 болни и изнемоштени граѓани кои претходно се пријавија во ОИК и им беше одобрено барањето за гласање во домашни услови, соопшти Петровски.
Додава дека од вкупно пријавените 211 лица, на 19 им биле одбиени барањата, соопшти Петровски.
Од Општинската изборна комисија во Делчево очекуваат уште едни мирни и успешни Претседателски избори.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...