Чиамба: Договорот од Преспа е одличен пример за помирување за целиот регион, па дури и извор на инспирација

74

Договорот од Преспа е одличен пример за помирување и добрососедски односи за целиот регион, па дури и за извор на инспирација, вели министерот за европски прашања на Романија, Џеорџе Чиамба во интервјуто за грчката новинска агенција АНА-МПА и додава дека решението меѓу Северна Македонија и Грција е модел за управување со билатералните прашања на европски начин.

Романскиот министер им честита на двете страни „за храброста и решителноста заедно да испишат историја“, јави дописничката на МИА од Атина.

-Договорот од Преспа е модел за управување со билатералните прашања на европски начин. Договорот за прашањето за името меѓу Грција и Република Северна Македонија е одличен пример за помирување и добрососедски односи за целиот регион, па дури и за извор на инспирација, вели романскиот министер за европски прашања во интервјуто.

Чиамба ја истакнал важноста на потпишувањето на договорот од Преспа, на ратификувањето од Парламентите во Скопје и Атина со што се отвори патот за Северна Македонија кон НАТО и ЕУ, а потенцирал дека „Романија беше меѓу првите земји партнери на НАТО што го ратификуваа протоколот“.

Министерот за европски прашања на Романија, за АНА-МПА, говори и за европската перспектива на Западен Балкан, велејќи дека романското претседателство ќе продолжи да го охрабрува и подржува овој тек.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...