По кратко боледување денеска на 65-годишна возраст почина поранешниот претседател на Црвениот крст на Република Македонија д-р Милчо Трајков.
Милчо Трајков беше претседател на Црвениот крст на Република Македонија од 2008 до 2017 година. Како долгогодишен волонтер од 80-тите години активно беше вклучен во акциите и активностите кој ги организираше Црвениот крст, пред сѐ во делот на здравствено-превентивни активности.
Смртта го затегна на функцијата претседател на Црвен крст на Општинска организација Велес. Волонтерите и вработените на ЦКРМ ќе се сеќаваат на неговиот лик и дело.
Во негово сеќавање утре во 11.30 часот во големата сала на Општина Велес ќе се одржи Комеморативна седница, а посмртните останки ќе бидат изложени во Црквата Свети Пантелејмон гробиштата во Велес во 13.