СЗО: Во Триполи 205 загинати, 913 повредени

147

Во борбите во Триполи досега загинаа 205 луѓе, меѓу кои 18 цивили, а повредени се 913, покажуваат податоците на Светската здравствена организација.

Вооружена група денеска ја нападна големата воздушна база во јужниот дел на Либија, која е под контрола на источниот воен командант Халиф Хафтар.

Идентитетот на напаѓачите не е познат.

Станува збор за главната воздушна база на Хафтар во јужна Либија. Неговите сили на Либиската национална армија ја зазедоа базата претходно оваа година.

Хафтар поголем дел од своите сили распореди на север, во обид да го заземе главниот град Триполи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...