Преминуваме во нова фаза на унапредување на нашите политики и за оваa политика малите политички партии немаат капацитет и не се спремни бидејќи ова е голем проект, порачалидерот на ДУИ Али Ахмети од митингот во Гостивар.
– Ова е проект на промена не само на менталната структура, но и на инсталирање на една филозофија и концепт кои се корисни и оправдани за сите граѓани на Северна Македонија. Да беше убеден Али Ахмети само еден грам дека нема да го унапреди албанското прашање, никогаш немаше да учествувам во ниту еден проект, но сум убеден дека албанското прашање со овие политики ќе оди напред и ние ќе бидеме победници, ќе победиме сите. Ова е концепт на модерните држави и концепт на обединета Европа – истакна Ахмети.
Тој потенцира дека постапиле храбро бидејќи граѓаните знаат, Албанците ќе анализираат, ќе мислат до 21 април за кого ќе го дадат нивниот глас, за иднината или за фолклорот.
– Два пати учестувавме на претседателски избори и ни изгледаше дека го мешаме морето со стап, бидејќи не се материјализираше и има шест години откако ние го работиме овој концепт, ова филозофија, за да биде подобро за Албанците, но и за другите. Нашите сограѓани Македонците да ги надминат предрасудите така како што нам ни останаа некои ситни предрасуди и тие да ги отстраниме бидејќи ова држава оди напред кога сме заедно и не треба да се откажеме од ова држава, од сопственоста на нашите предци, бидејќи оваа држава е нашата земја, тука е нашата историја и тука треба да ги тераме процесите напред, вака како што сме започнале на овој прав пат. Ова е неизоден пат, но неизодените патишта и тие кои што ги отворивме се само за храбрите. Направивме анализи, затоа што што не се оди на слепо по патот затоа што поголемиот дел од Албанците ова филозофија и овој концепт го поддржуваат за да го материјализираме и да излеземе победници на 21 април за Македонија во НАТО и ЕУ и за рамноправност за сите граѓани на ова земја – рече Ахмети.
Ахмети истакнал дека Албанците се сопственици на ова земја и не се кираџии и дека ова е докажано.