Гага од Карино добивала само љубоморни испади

296
ФОТО: EPA / JOHN G MABANGLO

Поп-пејачката и глумица Лејди Гага во февруари ја раскина свршувачката со Кристијан Карино.

Гласините говореа дека единствената причина за тоа е наводна врска на Лејди Гага со Бредли Купер, нејзиниот колега од филмот „Ѕвездата е родена”, но таа тврди дека, сепак, тоа не е вистина.

Во неколку интервјуа, таа изјави дека честопати кога во животот ѝ требало поддршка од свршеникот, не ја добила, а во последното, она за женското списание „Воменс хелт“ (Women’s Health), пејачката открива дека од Карино добивала само љубоморни испади.

Како што тврди Лејди Гага, Карино бил „многу љубоморен и постојано морал да знае каде е таа и што точно прави“. Тој непрекинато ѝ ѕвонел и ѝ праќал пораки, што нејзе никако не ѝ се допаѓало.

ФОТО: EPA / JOHN G MABANGLO

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...