Антикорупциската комисија ги разбранува функционерите кои се најдоа на тапет поради исплата на пари, социјална помош среде изборна кампања, па некои од нив најауваат дека ќе ги обжалат одлуките на Државната комисија за спречување на корупцијата, а други пак и натаму тврдат дека постапиле законски.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој која исплати 77 милиони денари на повеќе од две илјади лозари за откуп на винско грозје од реколтата 2014-2015, покривајќи стари долгови на пропаднатите приватни винарии поради што се најде прозвана, тврди дека постапила законски и според одлуки на Владата. Оваа агенција исплатата на лозарите среде избори, се обиде да ја оправда и со одлука на Уставниот суд, донесена на 17 мај 2017 година со која, судиите ја укинала одредбата од Изборниот законик и од Законот за спречување на корупцијата, а која се однесувала на забраната за исплата на субвенции во изборен период.
Во Уставниот суд за Плусинфо потврдија дека е донесена таква одлука, а иницијативата пред две години до судиите била поднесена од земјоделското здружение „Агротиквешија“ кое барало да се оспори забраната за исплата на субвенции, кои земјоделците не можеле да ги земат затоа тоа што тогаш уште не била формирана новата Влада. Уставните судии констатирале дека земјоделците биле обесправени во однос на редовните корисници кои земале субвенции секој месец.
– Со утврдување на забраната за исплата само на субвенциите кои не се редовни месечни исплати, овие корисници на државна помош се ставени во нееднаква положба со останатите корисници на државна помош, поради што оспорената одредба исто така не е во соглсност со уставното начело на еднаквост на граѓаните од членот 9 од Уставот на Република Северна Македонија. Ова неправедна ситуација во која беа доведени земјоделците беше основна причина за Одлуката на Уставен суд со кои се укинаа одредбите од Изборниот законик кои ја забрануваа исплата на субвенции во изборен период – објаснуваат од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој која тврди дека обештетувањето на лозарите по основ на долгот што винарските визби го имале за предадено грозје било направено во сосема законска постапка со пари од буџетот и според одлука на Владата.
Антикорупциската комисија вчера не ја спореше одлуката на Владата, туку исплатата која била напревена на 4 април во жижата на изборната кампања за претсдеателските избори и изборите за градоначалници во три општини во земјава, а која е незаконска.
Во Државната комисија за спречување на корупцијата тврат дека одуката на Уставниот суд за субвенциите на која се повикува власта за да ја оправда исплатата на лозарите, не може да се однесува на нивната постапка отворена вчера, затоа што во случајов не станува збор за субвенции, туку за исплата на долг на приватни винарии, а кој долг се враќа во време на избори кога не може да се вршат исплати од буџетски средства или од средства од јавни фондови од денот на донесување на одлуката за распишување на изборите до завршување на изборите.
Како што објавивме претходно, градоначалникот Благоја Бочварски изјави дека пред Управен суд ќе ја обжали одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата која вчера предложи прекршочна постапка зато што штипскиот градоначаник среде изборна капања донирал дрва на социјално загрозени семејства што е спротивно на Изборниот законик и на Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси.
Антикорупционерите во својата одлука напоменуваат дека во случајов не може да се утврди дека имало поткуп на гласачи, но дека е прекршен законот според кој не може да се исплаќаат плати, пензии, социјална помош и пари од јавни фондови од денот на донесувањето на одлуката за распишување на изборите до нивно завршување.