Го пријавила директорот за сексуално вознемирување, па колегите ја убиле (ВИДЕО)

1094
ФОТО: Принтскрин

Колеги ја полиле студентката Нусрат Јахан Рафи со керозин и ја запалиле во школо во Бангладеш, откако го пријавила директорот на школата за сексуално вознемирување.

Починала пет дена по нападот, а нејзината приказна го свртела целото внимание кон ранливоста на жртвите на сексуално вознемирување во таа конзервативна земја.

Нурат, која имала 19 години, на 27 март го пријавила директорот. Рекла дека ја повикал во својата канцеларија и ја допирал на непримерен начин. Успеала да побегне пред да дојде до поголемо злоставување.

Кога го пријавила злоставувањето во локалната полиција, не добила никаква заштита, полицаецот само ја снимил нејзината изјава со мобилен телефон.

На видеото кое подоцна било објавено во медиумите, се гледа како Нусрат во полициската станица вознемирено се обидува да си го скрие лицето со рацете, додека полицаецот и вели дека обвинението и не е „некоја голема работа“, па дека треба да ги тргне рацете од лицето.

Многу девојки од Бангладеш не ги кажуваат своите искуства со сексуално вознемирување или злоставување, бидејќи се плашат дека друштвото или нивното семејство ќе ги осуди. Но Нусрат не само што кажала, ами со поддршка на своето семејство отишла во полиција и го пријавила случајот.

Истиот ден полицијата го уапсила директорот, но тој брзо ја добил поддршката на јавноста. На улицата излегле луѓе кои барале тој да биде ослободен. Протестот го организирале двајца студенти, а на него наводно се појавиле и локални политичари.

Набрзо мештаните почнале да ја обвинуваат Нусрат, па нејзиното семејство се загрижило за нејзината безбедност.

Таа на 6 април, 11 дена по наводниот сексуален напад, одлучила да оди да ги полага испитите.

– Се обидов да влезам со сестра ми, но ме запреа и ми забранија да ја придружувам – рекол нејзиниот брат Махмудул Хасан Номан.

Нусрат пред смртта кажала што се случило. Како што рекла, студентка ја повикала бидејќи на кровот на зградата нивна колешка била претепана. Кога Нусрат отишла на кровот, ја чекале четири или пет лица кои носеле бурки. Ја опколиле и се обиделе да ја присилат да ја повлече тужбата. Кога одбила, ја полиле со керозин и ја запалиле.

Било кажано оти убијците „сакале да наместат нападот да изгледа како самоубиство“, но планот паднал во вода бидејќи Нусрат преживеала доволно долго за да каже што се случило.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...