Почина ѕвездата на детската програма на Би-би-си: Маја имаше само 16 години!

Маја-Леција починала на 7 април, откако колабирала.

2876

Маја-Леција Нејлор, ѕвездата на програмата за деца на британската Би-би-си, ненадејно почина на 16-годишна возраст. Маја-Леција починала на 7 април, откако колабирала.

Оваа тажна вест ја објави Би-би-си на својот сајт.

„Жал ни е што мора да ви соопштиме дека Маја-Леција, која ја знаете од детските серии „Мили помеѓу“ и „Речиси никогаш“, за жал, почина. Маја-Леција беше сакана личност и дел од детската фамилија на Би-би-си и беше исклучително талентирана актерка, пејачка и танчарка. Многу ќе ни недостасува“, стои во објавата, во која не е наведена причината за смртта на девојчето.

Маја-Леција ја започнала својата кариера кога имала само две години, во остварувањето „Апсолутно прекрасно“.

ФОТО: Принтскрин/Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...