Иванка Трамп ја одби работата во Светска банка

Доналд Трамп неодамна изјави за магазинот „Атлантик“ дека на својата ќерка ѝ понудил работа во Светската банка.

286
ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Иванка Трамп, виша советничка на нејзиниот татко, американскиот претседател Доналд Трамп, одбила да работи во Светска банка, бидејќи е задоволна од актуелната улога што ја има во администрацијата.

Доналд Трамп неодамна изјави за магазинот „Атлантик“ дека на својата ќерка ѝ понудил работа во Светската банка, бидејќи, како што рекол, „е добра со бројките”, пренесува АП.

Иванка била ангажирана во процесот на изборот на кандидат за претседател на Светската банка, за кој е избран Дејвид Малпас, и за кого оценила дека ќе „одработи добра работа”.

Прашана дали има намера да се кандидира за претседател на САД, таа изјавила дека не се гледа себеси во таа функција во иднина.

Иванка во моментов се наоѓа во Африка за да ја промовира иницијативата за глобален развој и просперитет на жените.

ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...