Дескоска: Остануваат клучните разлики за законот за јавното обвинителство

103

Остануваат клучните разлики меѓу власта и опозицијата за законот за јавното обвинителство со кој треба се реши идниот статус на СЈО, изјави денеска министерката за правда Рената Дескоска.

– Тоа се разликите што се однесуваат пред се на продолжувањето на започнатите постапки од СЈО, користењето на доказите што се прибрани во тие судски постапки и во крајна линија завршувањето на постапките со цел да се добие правдата во оваа земја – рече Дескоска одговорајќи на новинарски прашања по денешната Европска конференција за медијација што се одржува во Скопје.

Таа кажа дека и во последните материјали што ги доставила работната група на ВМРО-ДПМНЕ не се содржани прифатливи решенија.

– Немаше нешто што можеше во делот на ова  отворено прашање да биде заедничко решение. Во тој дел тоа што беше пратено не соодвејствуваше за решение кое би можело да биде ставено во закон – изјави Дескоска.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...