Децата на сопругата на Слободан Милошевиќ одлучиле нејзиното тело да биде кремирано денеска во Москва. Урната со нејзината пепел во Србија ќе ја однесе Драгомир Кариќ, брат на Богољуб.
Мирјана Марковиќ ќе биде погребана на семејниот имот на Милошевиќ во сабота кај својот сопруг, поранешен претседател на Србија и СФРЈ.
Децата нема да присуствуваат на нејзиниот погреб, ќерката бидејќи не може да излезе од Црна Гора поради одземена патна исправа, а синот доколку би влегол во Србија би бил уапсен.
Само внукот на Мирјана ќе присуствува на погребот.