Неисправни биле седум возила за превоз на патници во Вардарскиот регион од контролирани 38, покажала вчерашната контрола на терен.
– Вчера на територијата на СВР Велес извршена е акциска контрола на техничката исправност на возила кои извршуваат јавен превоз на патници, при што контролирани се вкупно 38 возила. Во Велес од контролирани 20 возила, неисправни биле три, во Кавадарци од контролираните 10 возила неисправни биле четири и во Неготино контролирани се осум возила и сите биле исправни – рече портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.