Експерти велат оти истегнатата дрвена рамка направена од 1.300 дрвја наречена „Шума“ го разгоре пожарот во 850-годишната катедрала Нотр Дам во Париз, пренесува „Дејли мејл“.
Вкупно 52 хектари дрва се искористиле за греди.
Според лица кои работеле во катедралата, дизајнот ја прави „неверојатно лесно запаллива“.
Сега се тврди оти ништо не останало од покривот, а се очекуваше и целата рамка да ја снема од пожарот.
Старата основа на Нотр Дам била загрижувачка тема веќе некое време, проект за реновирање од 6,8 милиони долари требало да каже некои од проблемите на оваа градба.
ФОТО: EPA / JULIEN DE ROSA