Кандидатот за претседател Блерим Река, кој ја има поддршката од Беса и Алијансата за Албанците, денеска ќе го одржи централниот митинг во Тетово.
Другите двајца кандидати на овие шестти претседателски избори продолжуваат со активностите во рамки на изборната кампања. Кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова ќе ја промовира својата претседателска кандидатура во Кратово и Крива Паланка, додека Стево Пендаровски, кој е поддржан од СДСМ и коалицијата ќе ги посети граѓаните во Валандово, Дојран, Богданци, а во Гевгелија ќе се одржи отворена граѓанска трибина.
Кампањата за првиот круг од изборите е при крај, официјално почна на 1 април, ќе трае до 19 на полноќ, по што следува 24-часовен изборен молк. Во недела на 21 април гласачите ќе излезат на избирачките места и ќе гласаат во првиот круг од претседателската трка.