Американски научници делумно оживеале мозок од заклана свиња

296

Американски научници успеале делумно да оживеат мозок од заклана свиња. Од кланица биле земени 32 свински мозоци за четири чада подоцна да бидат приклучени на систем кој ритмички пумпал специјално подготвена течност односно мешавина од лекарства и синтетичка крв со кислород во себе. Во тоа мозоците биле регенерирани 6 часа.

Студијата покажала дека смртта на мозочните ќелии може да биде стопирана а некои конекции во мозокот да бидат подоцна реставрирани. Сепак во овој случај не е можно да се зборува за враќање на некаква свесност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...