Роботите нема да можат да ги заменат професиите новинар и политичар, за разлика од многу други професии, особено оние со пониско ниво на вештини.
– Политичарите и новинарите нема да може да бидат заменети, не постои рутина со која би знаеле што ќе кажат политичарите, ниту пак е можно роботите да напишат успешна приказна или да ве заинтересираат – објаснува Симеон Џанков, директор на Светската банка во одделението за развојна економија на претставувањето на извештајот на Светската банка за глобалниот развој.
Роботите, како што објаснува Џанков, можат да работат само повторливи, рутински работи. Тие дури и се подобри од луѓето во сметководство, хирургија и некои правни работи, но не можат да работат во секторот за грижа за стари бидејќи тука е неопходна емпатија.
Како пример за воведување на роботизацијата ја наведе руската „Сбербанка“, која во 2007 година одлучила сите свои 20.000 советници што нудат правни совети за економијата да ги замени со два роботи кои работат 24 часа дневно, 7 дена во неделата.
– Тие не одат на боледување, не одат на одмор, туку прегледуваат еден по еден договор – вели Џанков.