Првата операција на мозок од далечина заврши успешно (ВИДЕО)

141

Доктор Линг Жипеи од Пекинг извршил операција на пациент со Паркинсонова болест на оддалеченост од 3.000 километри од пациентот. Откако му бил вграден имплант во мозокот на пациентот, Жипеи изјавил дека новата технологија ќе им олесни на луѓето да им бидат извршени операции и во области каде има потежок пристап или на пациенти кои не се во можност да патуваат.

Операцијата траела околу три часа и била овозможена од мрежата на China Mobile и технологијата на Huawei за 5G.

Пациентот по операцијата се изјаснил оти се чувствува добро.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...