Силјановска: Ќе треба да избришеме од учебниците дека Македонците се бореле во граѓанската воја во Грција, според Преспанскиот договор

840

Според Преспанскиот договор, ќе треба да избришеме од историските учебници дека Македонците се бореле во граѓанската воја во Грција. Иистото ќе важи и за Албанците кои се бореле од страната на ДАГ, а како што Македонците нема да смеат да ги употребуваат македонските топоними во Грција, ниту Албанците ќе смеат да ги употребуваат своите, изјави вечерва професорката Гордана Силјановска Давкова, која учествуваше на претседателската дебатата на Алсат телевизија.

Таа додаде:

– Ако знаете, многу албански имиња се Епир. Едно од барањата на грчкото министерство за надворешни работи е да се тргне и тоа. Исто така има проблем и со именувањата во Грција во делот што е познат како Чемерија. Исто така она што не смееме повеќе да го употребуваме, само Тесалоники, не Солун важи и за албанскиот јазик. Како се вика на албански Солун? Селаник- значи и тоа ќе биде забрането. Исто така се бара од историските читанки да се тргне дека и Албанците и Македонците учествувале во ДАГ, а учествувале. Според тоа, времето ќе покажи дека има проблем, вели Силјановска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...