Кога пред неколку месеци реков дека нема да добиеме датум за преговори во јуни, цела влада велеше „ќе има датум“. Сега и вицепремиерот Османи и премиерот Заев ретерираат – изјави вечерва кандидатот за претседател, Блерим Река, на четвртата дебата на претседателските кандидати која се одржува на телевизијата АлсатМ.
– Ние немаме институционален и административен капацитет, како што рече и министерот за информатичко општество и администрација, Манчевски, да испорачаме клучни критериуми за ЕУ, зашто во последната година не сме ангажирале високи експерти и затоа ќе биде тешко да добиеме датум, рече Река.
Тој појасни „со други зборови, незнам дали владата има еден или два става што се однесуваат на датумот за преговори“.
– Никогаш не сум рекол не сакам да добиеме датум, туку дека не сме подготвени како Влада да ги испорачаме барањата на европскиот совет од минатата година, рече Река.