Едвај чекам полицијата да ме казни, доколку ме изберат за претседател, зашто тоа ќе биде доказ дека сме правна држава, изјави вечерва Стево Пендаровски, во своите завршни зборови на емисијата на телевизијата АлсатМ, во врска со тоа што доколку стане претседател на државата.
Тој, исто така, кажа и дека „ако не успее овојпат, ќе се повлече“.
– Немам повеќе нерви да се занимавам со политика, ако моите тези овој пат не поминат – рече Пендаровски.