Нема никаква опасност од растурање на државата, напротив, со тоа ја јакнете кохезијата на општеството и граѓаните кои имаат право сега да го користат албанскиот јазик, ја чувствуваат оваа држава како своја, повеќе отколку претходно, одговори кандидатот за претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски во вечерашната дебата на ТВ Алсат.
На ТВ Алсат претседателските кандидати, Гордана Силјановска Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река одговараа на прашањето поставено од новинарот „Што ќе направат со Законот за јазиците, ако станат претседател на државата“.