– Најостро го осудувам чинот што се случи во просториите на општината. Како прв човек на локалната самоуправа, лично ќе се заложам вакви настани веќе никогаш да не се повторат. Слободата на говор, на јавно информирање и непречена работа на медиумите се неприкосновени и цврсто стојам зад тие вредности кои што се и уставно загарантирани. Очекувам и ги повикувам, надлежните институции во најкус можен рок да го расчистат настанот и соодветно да бидат санкционирани, вели градоначалничката во реакцијата.
ЗНМ претходно соопшти дека таквото насилничко и примитивно однесување на кое биле подложени колегите од ТВ21 е неприфатливо и претставува напад врз слободата на информирање и класично попречување во вршењето на работата на новинарите.
И од МАН го осудија нападот на новинарската екипа и побараа насилниците да се казнат.
ЗНМ ја поздравува брзата реакција на градоначалничката Милкије Халими и истовремено бара итна и ефикасна истрага од страна на Министерството за внатрешни работи.