Делегација на МВР и директорот Тасевски кај папата Франциск

1327

На покана на Жандармскиот корпус на Ватикан, делегација на Министерството за внатрешни работи, предводена од директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, од 16 до 18 април престојува во Ватикан, во склоп на подготовките на посетата на Светиот Отец, папата Франциск на Република Северна Македонија, соопштија од МВР. 

Делегацијата на МВР беше примена од неговата светост Папата Франциск, а оствари средба и со. Доменико Џиани, раководител на Дирекцијата за безбедност и цивилна заштита.

Од име на делегацијата, директорот Тасевски му подари плакета на МВР на папата Франциск, кој за неполн месец, на 7. мај, ќе ја посети Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...