Пендаровски од Кратово: Заокружете го бројот 3, тоа е глас за НАТО и ЕУ

93

Стево Пендаровски, заедничкиот кандидат за претседател на граѓаните и на 31 политичка партија, на средба со жителите на Кратово, побара поддршка на 21 април, бидејќи концетот за напредок носи сигурна иднина на државата, ги отвора перспективите на младите и подобрување на стандардот на граѓаните. Овој пат, рече Пендаровски, ќе победиме, бидејќи мнозинството граѓани го поддржуваат овој концепт.

– Да се биде член на Европската  унија е нашата трајна стратешка цел. Поканата за членство во НАТО ни овозможува гаранција за  границите, сигурност од 29 земји-членки на НАТО. Со добивањето на датум за почеток на преговорите со ЕУ се отвораат претпристапните фондови и средствата ќе се користат за развој на земјоделството, туризмот и за подобар стандард, перспективи за младите.

– Режимот на фамилијата мислеше колку повеќе пари да прибере. За жал, во тоа време многу златни деца ни заминаа бидејќи немаа шанса тука. Работите се променија и земјата тргна напред, да не дозволиме повторно да се вратиме назад. Тоа ќе биде загрозување на иднината на нашите млади. Затоа, да избереме напредок. Заокружувањето на бројот 3 на овие избори е глас за развој, сигурна иднина на младите, повеќе пари кај граѓаните, рече Пендаровски.

Јасна е разликата, додаде тој, гласот за Сиљановска е глас против СЈО и против напредокот, а гласот Стево е глас за праведно општество, интегрирано во НАТО и ЕУ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...