Си го убил роденото бебе зашто плачело

512

28-годишниот З.М. од Братунац, БИХ, е уапсен поради сомнение дека пред еден месец го убил своето бебе, јавуваат медиумите во Босна и Херцеговина.

Во полиција било пријавено дека во здравствена установа е примено бебе со тешки телесни повреди, а дека постои сомнение дека тие повреди ги нанел таткото З.М.

– Бебето поради здобиените повреди починало. За сѐ е запознаен дежурен обвинител на Окружното јавно обвинителство, кој наложил дека треба да се преземат сите мерки за расветлување на ова кривично дело – изјавил портпаролот на полицијата во Зворник, Милјан Бобар.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...