Мултисекторската група ги разгледувала сите важечки закони и заклучиле дека има позитивна законска регулатива и покрај една контрадикторност во Законот за задолжително основно образование, тоа е задолжително за секое дете. Меѓутоа, како што рече, има многу прецизно дефинирани членови во законите за здравствена заштита и за заштита на населението од заразни болести, во правилиците за имунизација, каде таа е задолжителна, дека децата мора да се вакцинираат.
Тој рече дека за неколку опции разговарале во текот на вчерашниот состанок на Комисијата за заразни болести и ова биле мерките кои експертите ги препорачале.
– МРП вакцини има сосема доволно, веќе има и нови количества од новата набавка и тие до петок ќе бидат дистрибуирани во сите центри за јавно здравје. Имаше недостиг на одреден тип вакцини (полио), поради тоа што со постапката за набавка тој тип вакцини се замени со сосема нов. Стануваше збор за ревакцина, а не за редовна и не станува збор за морбили. Ја заменивме со нов ацелуларен тип, кој дава помалку реакции при вакцинирањето и е тренд во светот – додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по одбележувањето на Светскиот ден на хемофилија.