Антикорупциската комисија прифати приговор на ВМРО – ДПМНЕ, исплатата на лозарите е незаконска

1203

Антикорупцоската комисија денеска  го прифати приговорот на ВМРО-ДПМНЕ против Агенцијата за финансиска поддршка која во изборен период исплатила 1.250.000 евра на повеќе од 2000 лозари, но не за субвенции и редовни исплати, туку за исплата на долг на приватни фирми.

Антикорупционерите, како што беше речено на денешната седница на која се разгледуваат четири приговори на опозициската партија, ќе иницира постапка за утврдување одговорност пред надлежните органи за Агенцијата која прекршила член од Изборниот законик, затоа што исплатила буџетски пари, а до комисијата не поднела образложение зошто тоа било направено откако биле распишани претседателските избори.

ВМРО-ДПМНЕ, како што објавивме во понеделникот, во приговорите обвинува дека власта го прекршила Изборниот законик и со одлуки спроведени од општините Гази Баба, Ново Село и Штип.

Седницата на антикорупционерите е во тек.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...