Во селото Куратица синоќа кандидатот за градоначалник на Охрид од ГДУ, Михаил Трендафилов- Нанче имаше средба со мештаните, на која се разговараше за проблемите со кои се соочуваат граѓаните од ова место.
Жителите на селото Куратица побараа да се вратат месните заедници и исто така како најголем проблем го истакнаа поврзувањето односно немањето на пат кој ќе ги поврзува Општина Охрид со Општина Дебарца. Невработеноста и наглото иселување на младите причинуваат голема загриженост на куратичани.
Михаил Трендафилов- Нанче им кажа на мештаните дека не може со волшебно стапче да се решат сите проблеми, но им порача дека ако стане татко на градот со многу работа, чесно и домаќински, заедно ќе почнат да ги решаваат проблемите еден по
еден.
Средбата во селото Куратица помина во пријателска атмосфера во која сите
присутни во отворен разговор можеа да ги претстават и да добијат одговор
за своите проблеми.