Во судница повторно се вадат доказите за 300 возила во МВР

124

Со презентација на писмени докази во Кривичниот суд продолжи рочиштето за предметот „Триста” на СЈО, во кој е обвинет поранешниот помошник министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски за злоупотреба на службена должност при набавката на 300 возила за потребите на МВР.

Обвинителот од СЈО, Стевчо Донев презентираше службени документи од МВР, меѓу кои решенија, извештаи,  известувања за понуди за набавка на возила, одлука за избор на најповолна понуда….

Судијката Добрила Кацарска во мај минатата година го осуди Поповски на девет години затворска казна за злоупотреба на службената должност, а во декември минатата година Апелација ја укина првостепената пресуда за случајот и го врати на повторно судење.

Според обвинението на СЈО, Поповски не ги почитувал законските прописи за јавна набавка и го оштетил буџетот 453.570 евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...